Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ужива на одмор на Ибица со жена му Карла Переира, која е 18 години помлада од него, а пред само неколку месеци се породи по вторпат.
Симеоне и Переира која е поранешна манекенка се забавуваат од 2014 година, а и двајцата изгледаат одлично, иако посебно внимание привлече атрактивната избраничка на тренерот на Атлетико.
Инаку, претходно Карла и Диего добија уште една ќеркичка, а Аргентинецот од првиот брак има и три сина со поранешната сопруга Каролина Балдини, со која се разведе во 2008 година.
https://www.instagram.com/p/BzV7PfAg8MK/?utm_source=ig_web_button_share_sheet