Лепа Брена (59) од мај е на одмор. Со сопругот Боба Живоиновиќ крстарат на јахта, а последниве денови се на хрватскиот брег.
Така, Брена вчера на јахтата ја угости 11 години помладата колешка Нина Бардиќ и се фотографираа во костими за капење. Пејачките изгледаат одлично уживајќи на островот Вис и добија огромен број на комплименти од своите обожаватели, а Брена до фотографијата напиша:
„Кога животот ќе ти даде лимони, направи лимонада“.