Со интервенција на противпожарната бригада на Град Скопје пожарот во ресторанот „Рагуза“ во катната гаража над „Тинекс“ на улица Мито Хаџивасилев Јасмин беше изгаснат .
Според информациите во медиумите кога избувнал огнот во ресторанот имало свадба, а луѓето биле безбедно и навреме евакуирани.
На теренот биле присутни четири противпожарни возила и била употребена новата противпожарна скала.