Главниот метеоролог на ABC News, Џинџер Зи, за време на нејзиниот извештај за времето била посетена од неочекуван (но симпатичен) гостин. Тоа се случило во емисијата „Добро утро Америка“, а тоа бил нејзиниот двегодишен син Мајлс Меклин.
Додека неговата мајка била зафатена со пријавување на опасност од пожар во Калифорнија, малиот Мајлс влегол во рамката и на Џинџер и подал хартија со многу важен цртеж.
“Тоа не се случило долго време – извинете! Нема училиште денес”, низ смеа им рекла на своите гледачи Зи додека нежно ја прифаќала хартијата на нејзиниот син, кој излегол од кадарот кога Зи вешто се вратила на нејзиниот извештај.
“Требаше да се преправам дека тоа се неверојатни вести. Тоа ќе беше совршено”, објавила на Твитер подоцна за незаборавниот момент, а исто така открилаи што има на хартијата што и ја подарило нејзиното мало момче.
https://twitter.com/i/status/1310557149014233088