Три дена откако на дното на Ла Манш е пронајден авионот на фудбалерот Емилијано Сала, англиските медиуми експресно ја објавија веста дека доцна вчера било извлечено едно тело од авионот кој е потонат длабоко во морето. Делови од урнатиот авион беа пронајдени 21 милја од брегот на Гернзи, 67 метри под вода.
Сепак, засега, властите не известуваат дали е фудбалерот на Кардиф или оној на пилотот на авионот. Тоа било испратено до Портланд, каде што ќе се извршат задолжителни процедури за идентификација на телото.
Операцијата во моментов се спроведува благодарение на средствата собрани од семејството на Емилијано Сала и еден куп фудбалски ѕвезди.
Инаку, авионот кој го пренесуваше Емилијано Сала од Нант во Кардиф исчезна од радарот на 21 јануари, само неколку дена откако двата клуба потпишаа договор за трансфер на фудбалерот.