Актерот Џејсон Момоа, познат по улогата во филмот “Аквамен“ е избран за најзгоден маж на светот за 2018 година. Тој е прва на листата од 100 избрани, а на последно место е Леонардо ди Каприо.
Момоа (39) од 2005 година е оженет со актерката Лиса Бонет (51) и имаат две деца, 11-годишната Лола и деветгодишниот син Нако Вулф.
На второ место на најзгодните, е пејачот на јужнокорејскиот бенд БТС, Јунгкук, трет е британскиот актер Идрис Елба, а на четврто место е јутјуберот Феликс Шелберг. На 13 место е Дејвид Бекам, а Кристијано Роналдо е 33-ти.
Инаку, изборот на најзгодните мажи го составува Ти-Си Кендлер, кој веќе ја прогласи француската манекенка Тилан Блондо (17) за најубава жена во изминатата година.