Една од водечките светски платформи за патувања „Lonely Planet“ објави листа на езера во Европа кои се совршени за одмор, а четири од нив се од поранешна СФРЈ.
„Крајбрежјето на Европа и прекрасните плажи се голема привлечност во лето, но езерата на континентот не треба да се занемарат. Италија може да се пофали со прекрасни езера опкружени со планини, а езерата во Хрватска и Англија се вистинска сензација. Без разлика дали сакате да пливате или само да се опуштите, Европа има доволно езера за секоја авантура“, стои во написот, пренесува „Index.hr“.
„Не можете да одлучите помеѓу езеро и море? Размислете за Мљет. Овој волшебен остров има две солени езера – Мало и Големо езеро. На Големото Езеро можете да патувате со брод до островот Света Марија, каде што има манастир од 12 век. Можете да изнајмите и кајак“, се вели во написот.
„Посебно можеби ќе ви се допадне тоа што езерата на Мљет се потопли од морето, особено Мало езеро“, додаваат во текстот.
Од „Lonely Planet“ нагласуваат дека овие езера се дел од Националниот парк Мљет и препорачуваат да се посети целиот парк.
Пешачењето во паркот може да биде совршено еднодневно патување од Дубровник, до кој можете да стигнете со траект за два часа“, додаваат тие.
„Lonely Planet“, покрај Малото и Големото езеро во Хрватска, на листата ги вклучи и овие езера:
Езерата Ди Левико и Калдонацо (Италија)
Езерото Гарда (Италија)
Боденското езеро (Германија, Швајцарија, Австрија)
Бледското и Бохињското езеро (Словенија)
Езерото Анеси (Франција)
Езерото Сен Кроа (Франција)