Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одбра најдобрите кои на гала-вечер ќе бидат прогласени за лауреати во мак-фудбалот за изминатата година.
Очекувано, во мак-фудбалот доминира Шкендија. За најдобар домашен фудбалер избран е Бесарт Ибраими, додека меѓу тренерите најдобар е Ќатип Османи. Кај младите фудбалери, прво име е Енис Фазлагиќ.
За најдобар интернационалец избран е Енис Барди од Леванте. Награда ќе има и за нашиот капитен Горан Пандев, кој ќе го понесе епитетот за посебен учинок во македонскиот фудбал и репрезентативниот дрес.
Гала-вечерта за најдобрите во фудбалот за изминатата година ќе се одржи в петок, во „МНТ“.