На 70-тиот избор за најубава жена во израелското летувалиште Еилат, 21 годишната Мис Индија Харназ Саду е прогласена за Мис Универзум.
Саду зад себе остави 79 конкурентки. Титулата прва придружничка ја освои Мис Парагвај, додека за втора придружничка е избрана Мис Јужна Африка.
Круната, по традиција и ја врачи минатогодишната победничка, Мексиканката Андреа Меса која титулата ја имаше само седум месец бидејќи изборот беше одложен поради коронавирус пандемијата.
Саду работи како актерка, а во слободно време се занимава со јога, тангц, готвење, шах и јавање.
На овој избор првпат се натпревараше претставничка од Обединетите Арапски Емирати, а по повеќе од четири децении се појави и претставничка на Мароко.