Иранската државна телевизија им се извини на гледачите затоа што накратко прикажа пар додека се бакнува, објавија локалните медиуми.
Мрежата Насим прикажа млад пар како се бакнува неколку секунди додека минува пред камера поставена во парк.
Сцената беше дел од емисијата „скриена камера“.
Мрежата се извини за „грешка која произлегла од невнимание на продукцискиот тим“, се вели во соопштението објавено од агенцијата Исна.
https://twitter.com/i/status/1641537137945223188
Во Иран, секој физички контакт меѓу маж и жена е забранет на државната телевизија.
„Насим“, која исклучиво произведува забавни емисии, отвори истрага и „ќе преземе цврста акција против одговорните за оваа небрежност“, се додава.