Фудбалерите на Академија Пандев извојуваа втора победа на стартот од подготовките за настапите на европската сцена. Во Банско, беа подобри од уште еден бугарски прволигаш, Берое славејќи со 2-0.
Но, триумфот мина во сенка на инцидентот и мачните сцени поврзани со стоперот Диме Димов. Тоа се случило во 13. минута по дуел меѓу Димов и противничкиот играч Ерол Алкан. Димов паднал во бессознание притоа голтајќи го јазикот. Медицински лица од двата тима итно се впуштиле во акција поради критичната ситуација и со навремена интервенција на крајот успеаја да го спасат животот на дефанзивецот на Академија Пандев кој веднаш е префрлен во медицинскиот центар каде сега се наоѓа во стабилна состојба.
Натпреварот била во прекин 17 минути.