Американскиот кошаркар Андре Драмонд преживеа вистинска драма додека се одмараше со семејството и пријателите дома.
Имено, дружењето за малку ќе се претвореше во трагедија бидејќи неговиот двегодишен син падна во базенот, а за само неколку секунди, Драмонд се фрли и го спаси своето дете.
„Не сите херои носат наметка“, напиша Драмонд, кој самоиницијативно го сподели ова видео.
Двојниот учесник на НБА Ол-стар натпреварите, според многумина и еден од најдобрите центри во светот, рече дека тоа е најголемиот кошмар на еден родител, и дека никој не е повреден.
https://twitter.com/i/status/1425900219997249541