ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: На ракометен меч влета спортски џип во салата (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Инцидeнт се случи на натпревар во ракомет,во кој играа шведските екипи на Беденс и Карлшхтат.

Имено, еден пијан возач успеа со својот автомобил да го пробие ѕидот во „Викинг“ салата во Марста.  Првично како да се слушнало експлозија, тимовите веднаш во паника го напуштиле теренот, а се огласил и спикерот кој ги замолил сите присутни да ја напуштат салата.

– Потресен сум. Ѕидот падна, спикерот навистина брзо реагираше и сите ја напуштија салата. Никој од нас не смееше да му се приближи на автомобилот, бидејќи не знаевме за што станува збор – изјавил Магнус Ларсон, директорот на лигата.

Мечот беше одложен, а полицијата соопшти дека возачот е уапсен под сомнение дека возел под дејство на алкохол.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com