Познатиот индиски глумец Сушан Синг Ражбут (34), кој македонската публика го запозна по улогата на Манав од серијата “Огнови на љубовта“ бил пронајден обесен во својот дом во Мумбај. Самоубиството се случило само неколку дена откако загинала неговата менаџерка Диша Салиан (28) која се фрлила од 14-ти кат од зграда во Мумбај.
Во соопштението објавено од пријателите на актерот се вели:
“Со болка ве информираме дека Сушан Синг Ражбут повеќе не е со нас. Ги молиме неговите обожаватели да го имаат на ум и да го слават неговиот живот и работа, како што тоа го правеа досега. Исто така, ги замолуваме медиумите да ни помогнат да ја задржиме приватноста во овие моменти на тага“.
Инаку, Ражбут беше глумец и танчер, а беше познат и по својата хуманитарна работа.