Играчот на натпреварот доби награда прасе од 23 килограми

by Тони Зографски

Кога некој ќе одигра фантастичен натпревар и добива признанија за играч на натпреварот во повеќето лиги, има награда за тоа. Во зависност од самата конкуренција, таа награда се менува, но во Норвешка е видена хит сцена. Играч на натпревар доби прасе тешко 23 килограми.

На мечот од Норвешкиот куп, кој заврши со убедлива победа на прволигашот Брине против нисколигашот Вархог (4:0), беше доделена навистина неверојатна награда.

Image

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, може да се види како играчот го зема прасето како главна награда додека другите соиграчи наоколу главно се смеат. Коментарите на социјалните мрежи се главно позитивни и хумористични.

„Подобро прасе отколку некој небитен трофеј што ќе го заборави“, гласеше еден од коментарите.

https://x.com/i/status/1911486142320345585

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com