Игор Џамбазов ја извести јавноста дека се појавиле два лажни профили со неговото име на платформата Тик-ток, едниот со над 6000 следбеници, а другиот со повеќе од 500 следбеници.
Исто така, тој побара од личностите кои стојат зад нив да ги избришат профилите за 24 часа.
„Ти, што се претставуваш во мое име, објавуваш во мое име, комуницираш во мое име, тебе ти се обраќам. Ако си некое размазено детиште, набргу ќе ти ја земам играчката, а татко ти ќе плати казна. Ако си полнолетен глупак, пак ќе ти ја земам играчката, ама сам ќе си ја платиш казната. Кој и да си, имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас. Тоа никогаш не можеш да бидеш…“, стои во објавата на актерот.