Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева обвинета во случајот „Рекет” вчера беше пуштена во домашен притвор по одлука на Апелацискиот суд. Таа вчера попладне ја напушти „Шутка“ и со качулка на главата во полициска придружба беше пренесена во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници во Скопје. Од таму, Јанева ќе го чека судењето закажано за 3 декември.
Денеска во стилот на Катица, со фотка на која е со качулка на главата, на својот Инстаграм профил реагираше Игор Џамбазов.