Како што поминуваат годините, Игор Џамбазов се повеќе личи на својот татко, маестро Александар Џамбазов. Должината на косата и брадата дополнително придонесуваат Џамбазов јуниор да е копија на Џамбазов сениор. Актерот на снимањето на новогодишната емисија на серијата „Преспав“ се појави со нов имиџ. За својот татко, Игор секогаш вели дека он него научил да ја сака музиката.
„ Џамбаз до скоро ги собираше сите текстови напишани за мене во весници. Тој доаѓа на секоја моја прмиера и се радува заедно со мене. Ми купува витамини, здрава храна и маџун“, изјави Игор за својот татко, легендарниот композитор кој во февруари наполни 82 години. Роденденска забава му организираа најблиските пријатели.