Игор Џамбазов е еден од најактивните јавни личности на социјалните мрежи. Тој постојано постира фотографии од Дојран каде што живее последниве месеци, а се потсети и на еден зедничко летовање на фамилиите Џамбазови и Прличкови во легендарниот авто-камп Ачикот во Дојран.
На фотката се Игор, мајка му Анче, татко му Александар, дедо му Петре Прличко и баба му. Само ја немаше сестра му која сликала.
– Хахахахаа. што сум нашол. Семејствата Прличкови и Џамбазови, авто-камп Ачикот, Дојран, 1979… Сестра ми ја нема, она не фотографира… – напиша Игор во прилог на фотографијата.