Златан Ибрахимовиќ и „Сан Ремо“ станаа совршена комбинација, а Швеѓанецот и годинава направи шоу.
По песната „Јутро је“ на Нада Топчагиќ, која стана голем хит во Италија, овој пат на сцената настапи со хитот на Лепа Брена „Луда за тобом“.
Потоа добро се забавуваше со водителот на програмата
„Што правам овде? Се прашувам што правиш ти? Кога заедно ја водевме емисијата, фестивалот помина многу добро, и покрај вашиот неред. Сега ќе седнам. Ако видам дека си уморен, ќе побарам замена“, му рече Златан на водителот.
Сан Ремо трае од вечерва до 10-ти февруари.
Во Сан ремо, Италија ќе го избере својот претставник за Евровизија која годинава се одржува во Шведска.
Ibrahimović na San Remu sa Breninom pesmom pic.twitter.com/qwgqggBGz1
— Rade Fantastični (@RFantasticni) February 6, 2024