Златан Ибрахимовиќ го покажа својот нов луксузен автомобил за време на неговото излегување со својата долгогодишна партнерка Хелена Сегер.
Двојката низ улиците на Милано возела во скапо бело Ферари, а околу нив се собрале толпа фанови и новинари за да се фотографираат со нив.
Ибрахимовиќ и неговата 11 години постара партнерка Хелена не изгледале претерано вознемирени, додека фановите ги следеле низ тесните улички на Милано.
Златан и Хелена се во врска од 2001 година и заедно ги имаат синовите Максимилијан и Винсент.
Инаку, скапата колекција на автомобили во сопственост на шведскиот фудбалер е една од најатрактивните во светот на спортот.