Виолинистот Зоран Џорлев во четврток ќе промовира нов албум. Насловот на цедето е „Свирете ја зајди зајди”, а на него, освен познатата народна песна ќе има уште 14 инструментални поп-хитови.
„Овие песни не се отсвирени, тие се отпеани на мојата виолина“, изјави маестро Џорлев.
И претходно, Џорлев снимаше албуми со домашни евергрини кои одлично поминаа кај публиката.
На промоцијата, која ќе се одржи во салата „Империјал“ во МОБ, цедето ќе се продава по цена од 100 денари. Џорлев претходно изјави дека иако го откачиле спонозорите, тој успеал да го сними албумот.