Иако Павле Вуисиќ и Миодраг Петровиќ Чкаља во легендарната серија “Камионџии“ги глумеа најдобрите пријатели Паје и Јаре, тие приватно не се поднесувале. Имено, Чкаља глумел и бил перфекционист, а Павле тоа го нервирало. На кадар делувале согласно, како да ги подготвувале сцените во најголема љубов, а нивниот однос надвор од снимањето бил многу лош, што потврдила и сопругата на Павле, Мирјана Вуисиќ.
– Јас не го запознав Чкаља. Но, кога малку подобро ќе ги погледнете Чкаља и Павле, ќе видите дека Чкаља е стопроцентен глумец и во својата глума одеше до крајни граници. Павле воопшто не беше глумец. Знаеше да рече: „Јас само се правам”. И вистина е – цел живот се правеше, зборува Мирјана во книгата на Александар Ѓурчиќ „По фајронт”.
Чкаља глумел и се заборавал, а Павле “вриел“ поради тоа. Кога Телевизија Белград десетина години по филмот и серијата „Камионџии” сакал да го сними продолжението „Камионџии повторно возат”, Павле не сакал да чуе. Првиот пат прифатил само за да се види разликата, да покаже што е глума, а вториот пат на памет не му паѓало.
“Го убедуваа цела година. Јас, пaк, во тоа време почнав да градам имот, кој многу му се допадна, го премери плацот, пресмета колку ќе го чини оградата и побара хонорар од 110.000 динари. Продуцентите полудеа кога слушнаа бидејќи највисокиот хонорар за главните улоги беше 12.000 динари и не постоеше законска можност да му се исплати повеќе. Подоцна, снимија видеокасети кои им ги продаваа на гастрабајтерите и ги собраа потребните пари – рекла Мирјана.
Но, Павле имал уште едно барање, и на Чкаља да му се зголеми хонорарот барем на 50.000 динари, што ѝ се случи, па така се сними продолжението на “Камионџии“.