Еден од најпознатите дански актери, Мадс Микелсен, често ја толкува улогата на главен негативец во филмовите и сериите.
На пример, Микелсен совршено го отелотворил Ханибал Лектор во телевизиската серија „Ханибал“ која беше емитувана од 2013 до 2015 година.
Покрај оваа улога, данскиот актер може да се пофали и со оние во „Казино Ројал“, „Доктор Стрејнџ“, „Фантастични ѕверки“…
Во данските филмови и серии тој не толкува улоги на негативци како што тоа е во Холивуд, па дури се појавува и во некои романтични комедии.
Претходно годинава, додека го промовирал најновиот филм за Индијана Џонс, актерот кажал дека улогите на негативците се желба на холивудската елита.
На Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш тој ја изнел својата теорија за тоа зошто често го гледаме на страната на злото во американските филмови.
„Тоа е едноставно. Чуден акцент. Навистина е. Некогаш тоа беше германски, па британски, па руски, а сега од некоја причина се заљубија во данскиот акцент. Тоа е најголемата причина“, тврди актерот.