Покрај огнометот, танцувањето и забавата, кои се дел од новогодишната прослава, „задолжително“ спаѓа и долната облека во одредена боја, дури и ако сте се определиле за домашна прослава во удобна и не толку гламурозна облека.
Традицијата да се носи црвена долна облека датира од средниот век, кога не била дозволена црвена облека.
Тогаш, црвената боја се поврзувала со крвта, ѓаволот и вештерството. Но, и покрај суеверието, луѓето копнееле да носат црвена облека за време на темната зима, бидејќи црвената облека исто така била симбол на животот и сончевата енергија.
Така, населението, во обид да избегне казна, пронашло совршена алтернатива: тие криеле црвени крпи под слоевите облека.
Денешниот обичај да се носи црвена долна облека при влегувањето во Новата година, а кој своите симболични корени ги влече од Шпанија, е за сите оние кои сакаат да најдат љубов во Новата година.
Друга традиција што доаѓа од латинските земји е вадење на патните торби од плакарот како симбол за среќни патувања во иднина.