По завршувањето на куп финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се случи инцидент. Во една мешаница припадник на полицијата од Охрид со пендрак го удри играчот на Вардар Филип Талески по главата.
Македонскиот репрезентативец тргна да се пресмета, но беше спречен од соиграчите.
Во тој момент некој извика – „што правиш бе будала еден“, по што полицаецот се повлече.
Видеото го сподели и Дејан Манасков на својата официјална страница на која напиша „Зошто?“.
Повеќе репрезентативци и играчи го осудија потегот на полицаецот.
Трофејот во македонскиот ракометен куп остана во сопственост на Вардар 1961, откако „црвено-црните“ во драматична завршница го совладаа во финалето во Охрид големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25.