Доделувањето „Златни глобуси“ дефинитивно ќе остане запаметено по одличните модни комбинации со кои брилираа познатите дами. По Џенифер Лопез, Марго Роби и Кејт Бекинсејл, на настанот се појавила и Џилијан Андерсон.
Ѕвездата од ТВ-серијата „Досие Икс“ одлучила да им пркоси на модните правила и да се појави во необичен фустан, кој привлекол големо внимание.
Додека фоторепортерите ја фотографирале, на почетокот никој не ни забележал што има на фустанот. Топ-моделот во бела боја бил изработен во балски стил, а оставил впечаток на совршена елеганција и гламур. Сепак, ако погледнете малку подобро, ќе видите дека целиот е покриен со женски полови органи, што и самата актерка го потврдила во интервју.
Фустанот го дизајнирала Габриела Херст.
„На него има вагини, ги гледате?“, рекла Џилијан за време на интервјуто.
(WATCH) Gillian Anderson explains why she's wearing a gown emblazoned with embroidery featuring female anatomy as a way of protesting restrictions to female rights #GoldenGlobes pic.twitter.com/fcJ6CFW3ha
— Deadline Hollywood (@DEADLINE) January 7, 2024