Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави дека здравствениот систем на Србија е на работ на преживување.
„Зборувајќи за што друго би можело, тешко дека има нешто повеќе. Дозволени се собири до пет лица, што значи дека апсолутно секој собир е забранет“, вели Кон, кој смета дека полицискиот час не е неопходен.
„Зошто ни е полициски час? Цел Белград е празен“, истакна тој.
Тој изјави дека е сигурен дека новите антиепидемиски мерки ќе имаат ефект
„Единственото прашање е колку ќе се види во бројките, бидејќи вирусот веќе навлезе во семејствата. Тоа е суштината”, рече Кон. Тој посочи дека младите имаат релативно благи симптоми и дека присуството на вирусот се препознава само кога постарите ќе почнат да се разболуваат.