“Боинг“ спроведе интересно истражување на тема авионски несреќи, како и на безбедноста на патниците во авион. Откриено е дека половина авионски несреќи се се случиле при полетување и слетување. Во случај да дојде до несреќа, а патникот е бос, може да се случи излезите за итни случаи на авионот да бидат блокирани од обувките, Исто така и самиот патник кога е бос повеќе е изложен на повреди во случај на несреќа.
Кристина Негрони која е стручњак за авионски несреќи советува, “ иако би вѝ било убаво да ги соблечете чевлите, сепак најдобро е тие да останат на вашите нозе“.
“ Една од најдобрите работи кои патниците можат да ги направат за својата безбедност во авионот е своите чевли да не ги соблекуваат за време на полетување и слетување на авионот. Многу авио-компании сеуште тоа не го бараат, но треба да се размисли околу тоа. Во случај на несреќа, може да дојде до пожар, може да биде ладно и влажно… Може да се случи дури да згазнете на парче алуминиум или стакло – објаснува Кристин.