Колку е убава седата коса, ќе се уверите кога ќе ја погледнете 64-годишната актерка Енди Мекдауел која гордо ги носи своите седи влакна.
Колку тоа сепак не им се простува на жените, а кај мажите изгледа атрактивно, покажуваат изјавите на Енди кои можат да бидат одлична мотивација не само за жените на нејзини години туку и за сите останати.
„Моите менаџери ми рекоа: ‘Не е време’, а јас им одговорив: ‘Мислам дека не сте во право, ќе бидам помоќна ако се прифатам себеси’“, раскажала актерката за одлуката да се појавува во јавност со седа коса.
Како што вели таа, не зажалила за одлуката.
„Кога го направив тоа ми беше јасно дека моите инстинкти беа во право бидејќи никогаш не сум се чувствувала помоќно. Се чувствувам поискрено, како да не се преправам. Се чувствувам како да се прифаќам себеси таму каде што сум. Се чувствувам пријатно“.
Мекдауел открила дека инспирацијата ја пронашла помеѓу жените надвор од јавната сцена, но и дека многу страдала како актерка бидејќи од неа се очекувало да изгледа младо.
Таа го свртела вниманието и на лицемерството кое владее во Холивуд, па седата коса на Џорџ Клуни се смета за атрактивна, но не и кај жените.
„Ги сакаме постарите мажи. Ги сакаме мажите додека стареат. Би сакала тоа да важи и за постарите жени и одиме кон тоа… знаете, со мали чекори.
Она што би сакала сите да го направиме е да размислиме како размислуваме за зрелите мажи и како размислуваме за зрелите жени и реално да почнеме да го оценуваме она што го кажуваме и што го очекуваме. Постојат промени кои е потребно да се направат за мојата и наредните генерации жени“, порачала Мекдауел која смета дека не е помалку убава со седа коса – само е поинакво убава.