Американскиот претседател Доналд Трамп доби коктел од две антитела, експериментален лек против Ковид-19 произведен од американската компанија „Регенерон“. Контроверзноста започна веднаш – за каков третман станува збор и дали е состојбата на Трамп посериозна отколку што се смета ако лекарите проценат дека е време за неодобрени терапии?
Експерименталниот лек кој Трамп гоприми против Ковид-19, наречен REGN-COV2, е коктел од две вештачки произведени антитела, кои го имитираат природниот одбранбен одговор на организмот против вирусот. Тие имаат за цел силно да се врзат за протеините на површината на вирусот.
Лекот наводно спречува вирусот да се поврзе со клетките, да влезе во нив и да се размножува, истовремено дозволувајќи имунолошки систем да го нападне и убие вирусот.
REGN-COV2 се смета за еден од најперспективните лекови против Ковид-19 и кој покажа силен ефект во лабораториските клеточни култури и во тестовите извршени врз животни. Во моментов се тестира во Велика Британија, како дел од програмата за проучување на лекот против Ковид-19, кој претходно покажа дека стероидот дексаметазон е ефикасен во лекувањето на оваа болест.
Веќе е достапен за пациентите во три болници на северот на Англија, како дел од гореспоменатата програма, која наскоро ќе опфати 30 до 40 болници.
„Разумна одлука“
Д-р Тајсон Бел, експерт за критична нега и заразни болести на Медицинскиот центар на Универзитетот во Вирџинија, за Бизнис Инсајдер изјави дека давањето на лекот на Трамп е разумна одлука, со оглед на недостатокот на рани третмани против Ковид-19.
– Постои голема потреба од лекови што можеме да ги користиме за луѓе кои се чувствуваат релативно добро, но спаѓаат во категорија со висок ризик. Мислам дека има смисла. Очигледно е дека оваа терапија сè уште треба да се изучува, но таа е една од оние во кои многу се надеваме – рече Бел.
Лекарите на Трамп рекоа дека американскиот претседател е „сè уште уморен, но добро расположен“, и дека покрај коктелот со антитела, тој исто така прими и цинк, витамин Д, фамотидин, мелатонин и аспирин, откако беше примен во воената болница Валтер Рид во петокот вечерта. добил и доза на ремдесивир.
Лекот „Регенерон“ сè уште е во фаза на клинички испитувања, а американската администрација за храна и лекови не го одобри. На 29 септември, компанијата објави рани резултати за првите 275 волонтери во студијата, кои покажуваат дека лекот делува добро на пациенти кои сè уште не се доволно болни за да бидат хоспитализирани.
„Лекувањето на вирусот во рана фаза може да биде покорисно бидејќи ја запира репродукцијата на вирусот, така што телото не се разболува толку многу“, рече д-р Питер Чин Хонг, специјалист за инфективни болести на UCSF.
„Мора да му е полошо отколку што мислиме“
Недостаток на третманот со плазма е недостатокот на докази за ефикасност, иако третманот доби итно одобрување од ФДА. Што се однесува до REGN-COV2, за тоа најдобро сведочат резултатите од раното тестирање објавени пред четири дена – досегашната студија е спроведена на помалку од 300 лица и сè уште не е разгледана од релевантни експерти и институции. Тоа во основа значи дека лекарите на Трамп имаат доверба во компанијата „Регенерон“ дека нејзиниот лек делува.
Засега не е јасно дали лекарот од Белата куќа, Шон Конли или Трамп инсистирале на оваа терапија, но некои експерти сметаат дека не е најпаметна идеја да се даде експериментален лек на претседателот на земјата.
Некои лекари ја критикуваа одлуката на Твитер, што предизвика жестока дискусија за здравјето на Трамп, како и шпекулации дека може да му е многу полошо отколку што и беше презентирано на јавноста – штом медицинскиот тим донел одлука за „очајни мерки“.
„Тимот на претседателот или не знае да чита медицинска литература или верува дека тој умира, па затоа се подготвени да пробаат што било“, напишал д-р Џереми Фалон од „Бригам“ болницата во Бостон и инструктор на Медицинскиот факултет на универзитетот Харвард.