Тешко е да се поверува, но само осум проценти од неверните мажи признале дека завршиле во туѓ кревет единствено поради телесни уживања. Сите останати барале и душевна топлина – тоа значи разговор, нежност и романтика кои очигледно ги немало во домот. На мажите многу им значи кога жените им велат дека се успешни, дека се центар на нивниот свет и дека не им е лесно штом мораат да се грижат за семејството. Ако тоа не го добијат од жената, ќе се обидат да го добијат од љубовницата. Проблемот е во тоа што жените често не знаат дека на нивниот маж му е потребна топлина и емоционална поддршка, па го туркаат мажот во се поголема тага. Драги дами, прегрнете го својот маж кога тоа му е потребно. Понудете му засолниште и ставете му до знаење дека сте во целост на негова страна.
Скоро сите мажи имаат грижа на совест по изневерувањето
Следното погрешно уверување кое во главата го имаат пред се жените кои сметаат дека само свињи и битанги изневеруваат и дека, логично, потоа воопшто не им е жал. Тоа, се разбира, не е точно. Скоро седумдесет проценти од мажите признале дека никогаш не мислеле дека ќе отидат во туѓ кревет и дека потоа им било многу жал. Се разбира, со ова не сакаме да го оправдаме нивното однесување, само сакаме да ви појасниме дека можеби грешите во мислењето за профилот на мажот кој изневерува.
Сепак, иако мажот чувствува грижа на совеста, изневерувањето ќе го повтори. Или како што вели Њуман: „Мажите знаат одлично да ги контролираат своите чувства, да ги потиснат и со истите да се соочат подоцна“. Мажот секако ќе и вети на својата партнерка дека повеќе никогаш нема да изневерува, но тоа ветување нема да може да го исполни. Кај таквиот маж, и покрај грижата на совест, гаранција за верност нема.
Ако изневерува пријателот, тогаш можам и јас
Скоро осумдесет проценти од мажите анкетирани за книгата The Truth Abouth Cheating признале дека имаат пријател кој ја изневерил својата жена. Таквото “лошо“ друштво секако влијае и на нив. Со други зборови: “Ако мојот колега изневерува, тогаш ќе изневерувам и јас“. Токму поради ваквите пријатели изневерувањето станува нешто секојдневно, нешто општествено прифатливо и нешто поради кое не би требало да жалат. Така барем размислува мажот кој го подржува својот пријател кој изневерува.
Другата теорија е пак олеснување на грижата на совест, односно: “Ако тоа се случило на мојот колега кој имал прекрасен брак, не е чудно да ми се случи и на мене“. Драги жени, ако е воопшто можно, спречете го дружењето со такви “фраери“ и обидете се својот партнер да го воведете во подобро друштво. Најдобро би било кога би имале заеднички пријатели кои се исто така венчани и верни. Многу лошо пак е кога пријателите на мажот се самци кои поголемиот дел од времето го поминуваат во кафулиња и ноќни клубови.