Зад најпознатите медитерански разгледници во боите на грчкото знаме се кријат практични причини за заштита од жешкото, колерата и историјата.
Иако фотографиите од оваа архитектура во боја на грчкото знаме веднаш е желба за уживање во прекрасните плажи и медитеранската кујна, малкумина знаат што симболизира оваа препознатлива боја на ведро небо и море.Бојата на грчките островски куќички настанала од практични причини.
Каменот достапен на местата како Миконос, Парос, Санторини и Наксос имал само една маана – потемна, земјена боја која го привлекувала сонцето и го правела животот во куќичките неподнослив поради високите температури. За да се разладат, Грците каменот го фарбале во бела боја, а потоа таквиот метод се покажал како успешен и со текот на времето станал традиција.За да се спречи ширење на колера грчките власти побарале да се фарбаат куќите со вар којшто служи како дезинфекциско средство.Баш како и белата боја и сината има свои причини. Грчките рибари и морнари ги фарбале вратите и прозорците во бела боја која останала од фарбањето бродови. Сината боја била најдостапна поради составот и било лесно да се направи дома.Прекрасните бои на домовите на грчките острови престанале да бидат само практични и посакувани, тие станале обврска во текот на 60-тите години на минатиот век.
Тогашниот режим верувал дека препознатливите бои ќе го поттикнат патриотизмот и национализмот, па набрзо потоа бил донесен и закон со којшто се наредувало куќите на грчките острови да бидат обоени во сина и бела боја.Иако денешните прописи се поопуштени, боите на грчките острови и натаму ги привлекуваат туристите, па традицијата од таа причина продолжува.
