Победниците на овогодинешната Евровизија, Италијанците од групата Манескин, продолжуваат да го привлекуваат вниманието на јавноста
Со најновата објава на нивниот официјален Инстаграм профил тие буквално ја „стресоа“ целата јавност, особено со самиот факт што на фотографијата тие се сосема голи.
Своите интимни делови тие ги прикрија само со црни ѕвезди, а остатокот буквално го оставија на мегдан на над пет милионските следбеници на Инстаграм.
Зошто е толку жешко?, пишува во описот на фотографијата која собра над 1,5 милиони лајкови за само 24 часа.
„Кралеви и кралица“, „Многу сум љубоморна на Викторија“, „Би дала се` за да сум на нејзино место“, „Боже мој“, „Не знам како ќе се опоравам од ова, „Најжешкиот бенд на светот“, се само некои од коментарите.
Инаку, фронтменот на групата, Дамиано е познат по објавување голи фотографии, а неодамна басистката Викторија Де Анџелис се појави топлес на сцената во Париз.