Тијана Дапчевиќ е една од многуте јавни личности кои ѝ пружија поддршка на Милена Радуловиќ откако актерката го пријави поранешниот учител по глума, Мирослав Алексиќ за силување. Тијана во подолга објава на Инстаграм се обиде да одговори на сите невкусни прашања кои се појавија во Србија изминативе денови.
„Зошто дури сега проговорила?!
Не знам, можеби затоа што сè уште има луѓе кои постојано повторуваат дека жртвите на силувачи и педофили сами го барале тоа, дека сигурно некако, провоцирале нешто, дека биле виновни … и многу често треба да оправдувате непростливи работи. Зошто ?!
„Ако молчела досега, можела да продолжи да молчи засекогаш.“
Како секогаш доаѓаме до тоа дека за сè мора да се молчи? Како не ви е доста од молчење? За мали и големи работи, за онаа планина која сте ја направиле под тепихот, ставајќи ги сите проблеми таму, за насилство и злоставување?
А можеби и не молчела, туку наидувала на луѓе кои биле глуви за нејзината мака, исто како вас.
„Сигурно сè измислила, бидејќи ѝ пропадна кариерата, и ѝ треба некоја улога.“
Па да, полесно е да поверувате дека некој измислил некоја своја улога, отколку едвај, конечно, после толку време, да собере сила и повторно сè да преживува објаснувајќи го секој детаљ и одговарајќи на којзнае колку прашања за време на поднесувањето на пријавата…
Срам да ви е за секој коментар на оваа тема кој не е поддршка, туку замолчување на жртвата.
Молчењето не е злато.
Никогаш и не било.
Сите тишини еден ден стануваат вресок“, напиша Тијана.