Никита до Грузија патувал два дена и е еден од илјадниците Руси кои сакале да ја избегнат мобилизацијата во војната во Украина.
Новиот бран руски имигранти кои пристигнуваат во таа кавкаска земја го сочинуваат воено способни мажи кои доаѓаат во колони автомобили долги 20-тина километри, велосипеди, а некои и пешачат со километри до границата. „Немам избор освен да побегнам од Русија“, рекол Никита за „AFP“ стоејќи на грузиската страна од граничниот премин Казбеги.
„Зошто воопшто да морам да одам во таа луда војна?“, додал овој 23-годишен маж. „Не сум топовско месо. Не сум убиец“, нагласил тој. Како и повеќето мажи кои разговарале со „AFP“, одбил да го каже своето презиме плашејќи се од одмазда.
38-годишниот Дениз рекол: „Нашиот претседател сака сите да не вовлече во братоубиствена војна, која ја прогласи сосема нелегитимно. Сакам да побегнам“, рекол со кисела насмевка. „За мене ова не е убав одмор во Грузија, ова е емиграција“.
Александар Судаков, 32-годишен менаџер, рекол дека мобилизацијата за него е капка која ја прелеала чашата по 20 години живот под се поавторитарниот Путин. „Украинците се наши браќа, не разбирам како можам да одам таму да ги убивам или да бидам убиен“.
Приливот на мигранти од Русија предизвикал поделени чувства во Грузија, каде сè уште се свежи сеќавањата од руската инвазија во 2008-ма година. Грузија по 5-дневната војна останала поделена, а руските единици се стационирани во два сепаратистички региони кои Кремљ ги признал како независни откако бил договорен прекин на огнот со посредство на ЕУ.
https://twitter.com/i/status/1574418008092680192
Корупција
Речиси 50.000 Руси побегнале во Русија во првите четири месеци од војната, објави во јуни грузиската канцеларија за статистика. Русија ја нападна Украина на 24-ти февруари. Уште 40.000 во истиот период побегнале во Ерменија, втора популарна дестинација за која на Русите не им се потребни визи.
Руските власти во саботата прв пат признаа дека значаен број на луѓе ја напуштиле земјата. Локалното министерство за внатрешни работи во рускиот регион кој се граничи со Русија објави дека на патот се создала колона од околу 2.300 возила кои чекаат да дојдат до границата.
Никита вели дека за метежот е виновна корупцијата. Рекол дека полицијата намерно го стопира сообраќајот за да изнуди пари од очајните луѓе. „Сега се потребни 3 дена за да се минат 20 километри до грузиската граница, но ако ги подмитите полицајците, таму сте за неколку часа, ќе ве испратат до границата“, рекол тој.
Александар рекол дека и платил на полицијата 1.200 американски долари и повторно му биле потребни 30 часа за да дојде до грузиската граница.
„Ќе бидам жив до март“
Никита рекол дека ова е само почеток на масовниот егзодус. „Ќе следат милиони, никој не сака да оди во таа војна – дури ни оние Руси кои се затруени од владината пропаганда и им се допаѓа идејата Русија повторно да стане доминантна во постсоветските простори“.
32-годишниот Игор е еден од тие луѓе. „Јас сум патриот, го поддржувам Путин и посебната воена операција во Украина“, рекол овој ИТ експерт. „Но, лично не можам да одам во војна бидејќи единствен заработувам во семејството и имам крвава хипотека“.
Рекол дека планира да работи на далечина за руска ИТ компанија од Грузија, но ќе мора да се врати во Русија кога за шест месеци ќе му истече пасошот. „Ќе бидам жив уште шест месеци, до март, тоа го знам сигурно“.
USSR 2.0… A country at is actively disintegrating until the Iron Curtain finally descends. A perfect illustration of Putin's conscription. pic.twitter.com/9EUCRVktDk
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) September 26, 2022