Несогласувањето помеѓу државните и локалните правила ја зголемува конфузијата и многумина во секој случај избираат да носат маски, иако државата диктира дека не мора да го прават тоа.
Здравствените експерти велат дека ваквото однесување е резултат на пандемска траума во траење од една година.
„Дури и во постпандемискиот свет, некои луѓе ќе доживеат страв, конфузија и вознемиреност“, рече д-р Хектор Колон Ривера, претседател на Хиспанскиот клуб на Американското здружение за психијатри.
На некои луѓе им е тешко да се откажат од маските за лице, предмети кои ги носеле со месеци за да спасат животи, изјави тој за Си-Ен-Ен. Особено тешко време може да се појави за оние чии најблиски починале од коронавирус.
„Тоа е како да страдате од форма на ПТСН или траума, што ќе направи некои луѓе хипер-будни“, вели Колон Ривера.
Појавата на нови варијанти на коронавирусот исто така може да биде причина зошто, и покрај ефикасноста на вакцините, постои загриженост за инфекцијата од вирусот, која, како што наведе Си-Ен-Ен, полека исчезнува.
Во новата анкета објавена од Американската асоцијација за психијатрија во понеделникот, 64 отсто од Американците се загрижени за членовите на семејството и најблиските да не бидат заразени со коронавирусот. Тоа е зголемување од 56 отсто минатата година и повеќе од 49 отсто од оние кои се грижат дека можат да се заразат сами. Други велат дека ќе носат маска за да ги заштитат децата.
И покрај укинувањето на обврската за носење маски, многу Американци сè уште сакаат да продолжат да ја носат маската поради ризикот од други респираторни билести или само од страв од микроби.
Роберт Квигли, глобален директор на Меѓународната организација СОС, објасни за Си-Ен-Ен дека, по една година носење маски, ќе им биде чудно на луѓето да бидат без нив.
„Повторно менување на рутината ќе биде голем предизвик“, рече тој.
Јавните здравствени установи изјавија дека има значително намалување на грипот откако луѓето започнаа да носат маски за време на пандемијата.
„Пандемијата ги научи луѓето на добра лична хигиена и колку е таа важна за нивното здравје“, рече Кигли.