Фејсбук статус на Зоран Мијалков, татко на момче со посебни потреби:
“Значи новите генерации се ептен испуштени од раце и се крајно безобразни младинци
Шетам со поголемиот син Петар низ градот и овој пат одевме фатени за рака и Петар од време на време се гушка во мене и јас го бакнувам во чело
Зад нас одеше една група на млади момчиња 15-16 годинишни
Кога почнаа да зборуваат гласно, доволно за да ги слушнам :
– Види ги бе
– И у Штип педери имало
И уште други безобразни работи
Си велам ајде нема да реагирам
Кога, се одлучија и почнаа да дофрлаат
Среќа многу мирен и сталожен човек сум
Се обрнав и им кажав дека мојот син е со посебни потреби, дека треба да се засрамат и извинат
На што почнаа само да се смеат и дури еден дофрли дека можело да не истепаат
Е тука веќе ми пукна филмот и малку го подигнав за јакната од земја
Среќа што кратко ми траеше лутината и не избришав улицата со нив, со што ќе си направев проблем
Воспитувајте си ги децата луѓе !!!
Може касно да биде ако ги испуштите кога се веќе во пубертет !!“ напиша Зоран Мијалков на својот Фејсбук профил.