Обвинителката Вилма Русковска во интервју во Отворено на ТВ 24 потврди дека постои фотографија со Катица Јанева и 50.000 евра во кеш.
Таа на прашањето како 50.000 евра фотографирани пред Катица Јанева ги поврзала со парите од сведокот Орце Камчев, одговори дека тоа го направила според анализата на компјутерскиот форензичар.
-Компјутерскиот форензичар ме увери во веродостојноста, односно неговата анализа,- рече Русковска.
Истовремено обвинителката информираше дека еден од обвинетите во Рекет, Зоран Милески Кичеец додека бил во притвор користел мобилен телефон.
Русковска на прашањето дали откриле со кого Кичеец комуницирал од притвор со мобилен телефон, одговори дека тие телефони се уште се вештачеле бидејќи имало поприоритетни вештачења.
-Се уште не се готови вештачењата на тие телефони, затоа што имаше поприоритетни вештачења кои се уште не се направени. Не можам да претпоставувам се додека не видам вештачења,- рече Русковска.