Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев нема коронавирус, така покажал првиот тест, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче,
Тој на прес конференцијата рече дека со оглед на тоа што од контактот со новинарот Гоце Михајловски, кој има КОВИД 19, поминало една недела, двајцата политички лидери, Заев и Мицкоски, остануваат во домашна изолација уште една недела.
Според Филипче, сите што имале контакти со Заев и Мицкоски не се во опасност и нема потреба за нивно тестирање на коронавирус.