Поранешната македонска ракометарка Ива Стојковска, викендов се омажи за струмичанецот Даниел Пројковски. Таа се пофали дека на свадбата гостин ѝ бил и премиерот Зоран Заев, па објави селфи-фотографија со него. Свадбата на Ива и Даниел се одржал во познат ресторан во Струмица.
Инаку, Ива Стојковска порано настапуваше за екипите на: Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, ЖРК Вардар и Приштина а во еден период беше дел и од македонската ракометна репрезентација.