,Добро утро на сите. Изминативе неколку дена беа турбулентни во врска со Зоки па чекавме конкретна информација за да ви споделиме.
Зоки вчера се врати од Турција, таму се направија целосни испитувања кои чинеа за 3 дена околу 6000-7000 евра и истите покажаа дека туморот е над 30 cm и имал метастази во почетна фаза. Таму му беше предложено дека треба повторно да оди на хемотерапии па тек за месец, два да биде опериран. Но, Зоки се слушна со доктор и од Систина и одлучено е дека тука ќе го оперираат и нема потреба повеќе да се чека.
Само што ми се јави Зоки и ми кажа дека има надеж многу и дека му е кажано дека ќе биде се океј. Значи операцијата би требало да се случи следнава недела, а кога ќе имаме нови информации ќе ве известам.”, напиша Стефан Лазаров.