Зоки “Фаци” е човекот кој го пронајде Давид , синот на Зоран Роџер на автопатот во Катланово каде бил да се прошета во мир и тишина, објави порталот либертас.
-Кратко претходно видов на порталите дека го бараат Давид. На стариот пат од Катланово кон Скопје го видов, закочив и го повикав, ме препозна, поразговаравме малку. Беше вознемирен рече дека одби да се врати дома и ќе оди во манастир, но потоа се премисли и прифати да го однесам кај баба му – изјавил Василевски.
Утринава кога негови блиски не можеле да го најдат пуштија апел за помош. Се јави и татко му од Австралија кој исто таа побара помош. По апелот за помош да се пронајде Давид синот на Зоран Роџер, се крена цело Скопје да го бара.
Зоки Фаци кој има семејна куќа во Катланово и добро го познава теренот кога го видел апелот и тој се обидел да го бара момчето и успеа да го пронајде здрав и жив.