Илари Блази и Франческо Тоти одлучиле да се разделат по 17 години брак, а сопругата на Тоти првпат се огласи по веста за разделбата.
Таа преку својот адвокат Алесандро Симеоне ја даде првата изјава за медиумите.
„Секогаш сум ги штитела моите деца и ќе продолжам да ги штитам. Заштитата на моите деца е на прво место, секој е одговорен за своите постапки. Во последните години видов работи кои можат да уништат околу 50 семејства“, вели Блази.
Бракот на легендарниот Франческо Тоти со ТВ водителката Илари Блази неодамна заврши, со што заврши бајковитата врска која траеше цели 20 години.
Сепак, познатиот фудбалер на Рома не тагувал многу и веќе си нашол нова девојка со која почнал да живее. Според италијанските медиуми, Тоти сега е во врска со 34-годишната русокоса Ноеми Боки, која е страстен навивач на Рома.
Тоти и Блази се венчаа на 19 јуни 2005 година на свадбена церемонија емитувана во живо од Sky Sport Italia, а приходот го дале во добротворни цели.
Тие имаат три деца, Кристијано роден во ноември 2005 година, сега играч во младинската академија на Рома, Шанел во мај 2007 година и Изабел во март 2016 година.