Шенон Доерти, саканата Бренда од серијата „Beverly Hills 90210“ вчера го прослави својот 52-ри роденден.
Шенон на социјалната мрежа Инстаграм денот го одбележала со неколку роденденски честитки кои ги добила, а она што многумина го сметаа за восхитувачко е неверојатната појава иако животот во последно време ѝ сервираше бројни трагедии.
Имено, веќе повеќе години таа се бори со канцер на дојка, а со оглед на тоа што отворено зборува за борбата со канцерот, познато е дека карциномот е во четврти стадиум. Токму затоа често се појавуваат вести дека актерката е на крајот од својот живот и дека и сама веќе се подготвила за заминување од овој свет.
Сепак, нејзините фотографии на Инстаграм објавени по повод први април ги воодушевиле нејзините следбеници и тие заклучиле дека таа изгледа неверојатно.
Инаку, Доерти во 2015 година успеала да го победи канцерот на дојка откако поминала мастектомија и хемотерапија. Но, во февруари 2020 година повторно ѝ била дијагностицирана болеста.
„Ужасната сум. Патам најмногу поради сопругот и мојата мајка кои ова најтешко го поднесуваат“, изјавила тогаш таа.
„Повторно имам канцер. Четврти стадиум. Тој метастазираше во моето тело и знам што значи тоа. Се прашував многу пати – зошто јас? А, потоа си велам – а, зошто не јас? Тешко ми е“, изјавила актерката.
Таа своевремено открила и дека пишува проштални писма и снима видеозаписи за своите најблиски и дека пронашла песна со која сакаат да ја погребаат. Станува збор за „Tears In Heaven“ која важи за една од најголемите балади во рокенрол музиката, а одлучила и во што сака да биде погребана.
„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан којшто го добив од една од најдобрите пријателки пред неколку години. Во него се чувствувам посебно. Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање. Се трудам последниве месеци да поправам некои односи, да разговарам со луѓето кои сум ги повредила“, вели Шенон.
На нејзините фанови надеж им дава тоа што Шенон на новите фотографии изгледа подобро и се чини како да не се откажала од борбата со канцерот.