Аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле четиричлено семејство да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази останатите патници, пренесува „Сакам да кажам“.
Мајка со три деца, тестирани во приватна клиника, сите четворица позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите да се самоизолираат и заминале ана еродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти и семејството било пред да се качи на авион.
Во Комисијата за заразни болести велат дека станува збор најчесто за иселеници, повеќето од нив и со двојни државјанства, кои се враќаат тука за свадби и други семејни прослави и потоа се враќаат на работа во Западна Европа, бидејќи со дозвола за преестој за нив не важат рестрикциите.
Инцидентот на Скопскиот аеродром се случил ден откако во Финска слетал авион со 157 патници од Скопје, од кои 24 биле позитивни на коронавирус.