Екс претседателот на САД Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше Џо Бајден кој во во петокот падна по скалите на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, непосредно пред полетувањето за Атланта.
-Знаев дека ќе падне. Јас кога се качував бев претпазлив, одев сантиметар по сантиметар. Последно нешто што посакував е Бајден да падне, а падот беше ужасен. Всушност, не беше еден, беа три – рекол Трамп за Newsmax.
Довчерашниот претседател смета дека првиот човек на Америка има “ментален пад“ и е премногу збунет за да потпишува разни документи. Трамп делумно направи паралели помеѓу американскиот претседател и 79-годишниот демократски сенатор Берни Сандерс.
-Нешто таму се случува, нешто лудо… Човек се прашува дали воопшто ги разбира сите работи што ги потпишува, бидејќи ова е полошо отколку со Берни Сандерс кога беше во најлоша состојба. Не очекувавме дека е можно вакво нешто. Дури ни Берни Сандерс на стероиди не би го потпишал она што го потпишува Бајден-рекол Трамп.
Инаку, Доналд Трамп и претходно во неколку наврати сугерираше дека нешто се случува со Бајден затоа што тој ги меша зборовите и речениците и често заборава.
Trump to Newsmax: The policies that President Biden is signing are like 'Bernie Sanders on steroids.' https://t.co/VlT7z8drtO pic.twitter.com/sOghKzvHIa
— Newsmax (@newsmax) March 23, 2021