Богатата наследничка и реалите звезда, Парис Хилтон за „Скај њуз“ се присети на разни ситуации од нејзиниот прилично бурен живот. Во 90-тите години на минатиот век во јавноста се појави приватна порно снимка со нејзиното тогашно момче Рик Соломон, кое одекна низ целиот свет.
Парис сега истакна дека знаела дека нејзиното момче ја снима, но сметала дека никој друг нема да го види видеото.
„Знаев дека ме снима, но сметав дека никој друг нема да го види видеото. Ќе беше сосема друга приказна ако денес ми се случеше такво нешто. Тогаш бев главниот негативец. Луѓето мислеа дека го сторив тоа со причина да станам славна, тоа многу ме повреди“, рече богатата наследничка, која сега е во брак со бизнисменот Картер Реум.