26-годишен Американец е уапсен бидејќи чекал жената во авионот до него да заспие, а потоа почнал да ја допира по градите.
Иван Лопез е уапсен откако авионот од Лас Вегас до Вашингтон слетал на аеродромот. Тој чекал жената чие име не се соопштува да заспие, а потоа се наведнал на седиштето и почнал да и` ја трие десната града. Таа се разбудила и викала, а тој станал од седиштето и избегал во задниот дел од авионот, каде што на стјуардесата и` признал што направил.
Тој бил уапсен и обвинет за сексуален напад во авион за време на летот, за што му се заканува казна затвор од две години.
Лопез им кажал на агентите на ФБИ кои го испрашувале дека тој само сакал да го привлече нејзиното внимание прашувајќи ја каква музика слуша преку слушалките.
Меѓутоа, жената на агентите им кажала дека „случајниот“ физички контакт траел подолго од десет секунди,објавија американските медиуму.