Филмовите “1917“ и „Беше еднаш во Холивуд“ ги освоија наградите Златен глобус во категории драма, односно комедија, на свеченото доделување што се одржа ноќеска на Беверли Хилс, а го водеше британскиот комичар Рики Џервејс За филмот “1917“ британскиот режисер Сем Мендез ја доби и наградата за најдобра режија.
„Беше еднаш во Холивуд“ освои Златен глобус и за најдобро сценарио кој му припадна на Квентин Тарантино и Златен глобус за најдобар спореден актер, на Бред Пит. Најдобра споредна актерка, пак, е Лора Дерн за улогата во „Брачни приказни“.
Најголем губитник на церемонијата беше “Ирецот“ на Мартин Скорезе, кој имаше пет номинации, но не освои ниеден Златен глобус.
Најдобра актерка во драма беше Рене Зелвегер која го толкува ликот на легендарната Џуди Гарланд, додека Хоаикн Феникс ја освои наградата во категоријата најдобар актер за улогата на Џокер.
Во категоријата комедија или мјузикл, најдобра актерка е прогласена рап- пејачката Awkwafina за улогата во филмот „The Farewell“, додека најдобар актер во истата категорија комедија/мјузикл е Терон Еџертон за улогата во филмот „Рокетмен“.
Златен глобус во категоријата најдобар филм на странски јазик го освои „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Пон Чин Хо.
Наградата за животно дело му припадна на добитникот на два Оскара и четири Златни глобуси, Том Хенкс.
Во другите категории Златен глобус добија: за Најдобра оригинална песна „(I’m Gonna) Love Me Again“, на Елтон Џон и Берни Топин во „Рокетмен“. Победник во категоријата Најдобра музика за филм му припадна на композиторит Хилдур Гиднадотир, за филмот „Џокер“.
Инаку, Златниот глобус се доделува во 25 категори во конематографијата и телевизијата.